МАКЕДОНИЈА

Во Скопје вчера повеќе од 20 казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, седум за возење без возачка дозвола, 10 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button