МАКЕДОНИЈА

Во следните три дена: Сообраќајот на автопатот Е-75 кај клучката Градско по една лента

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена, соопшти АМСМ.

Advertisements

Сообраќајот на државните патишта утрово низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button