Во Собранието продолжува расправата за предлог буџетот на државата за 2021 година

Во Собранието продолжува расправата за предлог буџетот на државата за 2021 година. Пратениците на власта и опозицијата втор ден водат расправа за предложените амандмани. Изградба на локални патишта, канализации, водоводи и слични проекти за граѓаните се барањата на опозицијата, власта со свои образложенија најголемиот дел од нив ги одбива. Опозицијата обвинува и дека буџетот за справување со аерозагадувањето е намален во однос на лани.
„Политички неодговорно е да велите дека се грижите за животната средина а да седите тука и да гледате како вашите колеги гласаат против амандмани за подобрување на состојбите во животната средина. “
„Со политиканство нема ништо да придонесеме освен што сакате да покажете на народот дека ништо не се работи. Напротив најголемите два еколошки проблеми таргетирани во државата моментално се решаваат.
Alsat