ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието усвоен предлог законот за попис

Со 62 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ Собранието го усвои предлог законот за попис на населението. Законот беше изгласан од парламентарното мнозинство и пратениците на опозициската коалиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегоа во салата, освен координаторот на пратеничката група кој имаше некои процедурални забелешки.

Според него, законот нема ништо заедничко со европските стандарди и дека предвременото лицитирање  со бројки и проценти од населението докажува дека тоа ќе биде политички процес, а не статистички процес.

Иако гласаа за законот, од албанската опозиција ги повтори своите забелешки, нагласувајќи го недостатокот на методологија за тоа како ќе се одржи гласањето и дека немаат доверба во Државниот завод за статистика.

Расправата за законот заврши на 15 јануари, но тогаш немаше кворум за гласање, па денеска беше обезбеден кворум и пратениците го исгласаа законот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button