ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Струга судење на професорот кој повреди ученик со боксирач

Професорот по англиски јазик од струшката гимназија Ибраим Темо, Ерол Спахо, кој е обвинет за кривично дело насилство, за нападот на ученик со железен боксирач, на денешната главна расправа во струшкиот основен излезе со своја верзија за целиот настан. Тој рече дека на случајот му претходел вербален конфликт со негова колешка, инаку родител на повредениот ученик. Самиот инцидент со ученикот, според него, се случил во професорскиот тоалет.

Advertisements

„Кога се исправив пред огледалото забележав дека некое лице влегува внатре и видов дека тоа е ученикот. Без чекање тој ме удри во пределот на левата страна на челото со тупаница. Откако ме удри, во дел од секундата од задниот десен џеб го извадив боксирачот и тоа повеќе го направив за да го исплашам. Меѓутоа тој заврши во неговата глава. Боксирачот го носам од време на време поради заштита, но никогаш не сум го употребил“, рече Ерол Спахо, обвинет.

Професорот тврди дека откако од страв се заклучил во својот кабинет, самиот се јавил во полиција. Но, обвинителството тврди дека според вештачењето и исказите на сведоците, обвинетиот извршил насилство и бараат од судот да го осуди, а дотогаш притворот да му биде продолжен. Со ова не се согласува одбраната. Бараат да му биде укинат и притворот.

„Одбраната смета дека не се исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство. Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот…“, рече Сеад Мена-адвокат.

Во меѓу време, директорката на училиштето, по предлог на дисциплинската комисија донела одлука за престанок на работниот однос на професорот.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година кога ученик со тешки повреди на главата беше примен на хируршкото одделение во Струга по пријава дека го нападнал професор.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button