ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата

Во Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата

Со пригодна свеченост пред Споменикот на револуцијата во Тетово денеска се одбележа националниот македонски празник 2 Август – Илинден.

Advertisements

Во организација на Сојузот на борци од Тетово пред споменикот цвеќе положија повеќе делегации од институции, установи, здруженија на граѓани и политички партии.

-Се собравме денес да го одбележиме најголемиот празник во историјата на македонскиот народ Илинден. Вековната желба на македонскиот народ за создавање на своја држава се исполни на овие два датуми Илинден 1903 и Илинден 1944 година. Со создавањето на Крушевската Република во 1903 победи македонскиот дух и потребата за своја држава. Вториот датум, кога е формирано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) кога е остварено се што напатениот македонски народ мечтаел и сонувал, рече во својот пригоден реферат Стојан Петрушевски, претставник на на општинска организација на Сојузот на Борци од Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button