ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово отворен пункт за вакцинација

Отворањето на вториот пункт за имунизација во Тетово ја растовари гужвата што се создаваше пет дена во регионалниот пункт за вакцинација. Властите велат дека ги поделиле местата за вакцинација во две групи. Оние што се вакцинираат за прв пат се распоредени во Здравствениот дом, додека оние кои имаат термин за ревакцинација продолжуваат во салата на Средното медицинско училиште.

„Помина супер денес. Втората доза ја земав многу добро, исто така бев многу добро и по првата“, рече еден од присутните граѓани.

Дежурниот лекар, Александар Крстоски, за Алсат изјави дека во случај да се врати гужвата, ќе бидат потребни дополнителни полицајци за да го одржат редот.

Од СВР Тетово велат дека на местата за вакцинација има четворица полицајци, додека во случај да се бараат дополнителни сили, нивниот број ќе се зголеми од четири на осум.

„Сѐ уште важат мерките пропишани од надлежните органи за да се спречи ширењето на вирусот. Во интерес на сите нас е да ги почитуваме мерките и да држиме дистанца. Од отворањето на пунктот за вакцинација, членовите на СВР Тетово, организираа секој ден по четири члена да бидат овде, но во случај на потреба, кога има голем број луѓе, за одржување на редот ќе имаме дополнителни полицај, двајца или четири, по потреба“, рече Фатмир Реџепи -Портпарол на СВР Тетово.

Покрај АстраЗенека која се користи за вакцинација за втората доза, од денеска, со првата доза, жителите на Полог се вакцинираат и со Фајзер.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button