ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово се одржа марш против насилството врз децата и жените

Во Тетово се одржа марш против насилството врз децата и жените

Граѓанските организации Женски центар за поддршка Тетово, Здружение на психолози, психотерапевти и советувачи Кортекс, Движење Мајка и дете и Мрежа на жени во науката попладнево организираа марш за поддршка на борбата против насилства од секаков вид врз децата и жените.

Мотивот за ваков марш е силувањето на 11 годишно девојче во Приштина, а организаторите порачаа дека разни видови на насилство врз жени и деца има и во Тетово и затоа јавно се изразува револтот.

-Тука сме да дадеме поддршка и сочувствуваме со тоа што се случи во Приштина и да кренеме глас дека и тука во Тетово постои насилство и тоа секаков вид на насилство. Ние сме тука како Женски центар да ги поддржиме и дадеме бесплатни услуги на психолошко советување, поддршка од социјален работник и кариерно советување додека го пријавуваат и трае институционалниот процес околу насилство. Сакаме да кажеме дека законите постојат но тие закони треба да се спроведуваат. Треба да се земе предвид потребата педофилите и насилниците строго да се казнуваат, изјави Небахат Имери

Учесниците на настанот се собраа на плоштадот во Тетово, а потоа маршот се одвиваше до зградата на тетовскиот основен суд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button