ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово треба да се отворат нови дополнителни објекти за масовна вакцинација

Кризниот штаб на Општина Тетово на денешниот состанок од заменик-министерот за здравство Илир Хасани побара вакцинални пунктови да се отворат во нови објекти со цел да се намали метежот од луѓе како и да се забрза процесот. Побарани се нови места и во градот и во руралните општини.

-Во текот на неделата, во градот ќе бидат отворени дополнителни пунктови за вакцинација, како што се Домот на Армијата, жичарницата на Елем Турс, Центарот за култура во Тетово и амбулантата во село Порој. Кризниот штаб побара зголемување на бројот на пунктови за вакцинација, како и нивна дисперзија во околните општини, како што се Боговиње, Теарце, Брвеница, Желино и Јегуновце со цел да се овозможи поголем број граѓани брзо и ефикасно да се вакцинираат, со цел да се избегнат редици и собири на постоечките точки за вакцинација во градот, информираат од Општина Тетово.

Последните две недели значително е зголемен бројот на вакцинирани, и се движи од 1.500 до 1.800 дневно кои ја примаат првата доза, а ревакцинацијата достигнува и до 2.300 дневни дози, бројка која наметнува зголемување на капацитетот, односно зголемување на пунктовите за вакцинација во општина Тетово.

-Исто така, побаравме некои од новите пунктови за вакцинација да работат во три смени, почнувајќи од 07:00 до 24:00 часот со цел што повеќе луѓе да дојдат и да се вакцинираат, информираат од Општина Тетово.

Од кризниот штаб апелираа матичните лекари да волонтираат во Здравствениот дом во Тетово со цел да помогнат и да учествуваат во процесот на вакцинација.
-Се наоѓаме во многу сериозна ситуација и на здравствениот систем му е потребна помош и дополнителни капацитети од медицински персонал, наведуват од тетовската општина.

Епидемиолошката состојба во Тетово и регионот е крајно критична, со 1855 активни случаи. Само за викендот повеќе од 257 лица побарале прегледи и болничко лекување поради симптоми и тешка здравствена состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button