ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ситуацијата со ковид 19 во Тетово се уште е сериозна

Во Тетово и околината, ситуацијата и натаму е алармантна поради корона вирусот. Има вкупно 1.855 активни случаи, додека само за време на викендите, околу 300 луѓе побарале амбулантско лекување поради симптоми. Врз основа на моменталната ситуација, кризниот штаб одржа состанок денеска, кaде беа донесени нови одлуки, но не и ограничувања или карантин како што бараа лекарите. Кризниот штаб побара матичните лекарите доброволно да се појават за да помогнат на пунктовите.

Кризниот штаб побара зголемување на пунктовите за вакцинација, како и нивна дисперзија во општините Боговиње, Теарце, Брвеница, Желино и Јегуновце, со цел повеќе граѓани да се вакцинираат и да се избегнат редици. Во текот на неделата се подготвуваат и дополнителни точки за вакцинација во градот, во Дом на АРМ, Елем Турс кај жичарата, Домот за култура и амбулантата во селото Порој. Исто така, побаравме некои од новите точки за вакцинација да работат во три смени, почнувајќи од 7 наутро до полноќ – изјави Теута Арифи, началник на кризен штаб.

Од друга страна, во клиничката болница во Тетово, бројот на пациенти продолжува да се зголемува заедно со амбулантските прегледи. Раководителот на Центарот за ковид во Тетово, Гзим Нуредини, додава дека е побарана помош за поголемо присуство на армијата и полицијата.

Продолжуваме да сме во напната ситуација поради фактот што пациентите што ги имавме при секојдневното закрепнување во амбулантите за ковид, на дел од нив состојба им се влошува. Голем број пациенти одат во болница, но ние овде правиме еден вид тријажа и ги хоспитализираме само оние на кои им е потребна хоспитализација. Како број, хоспитализирани се 120 пациенти. Во рок од 24 часа имавме прием на 14 пациенти, што покажува дека се уште имаме голем број приеми. Само еден пациент почина, роден 1981 година, кој исто така имаше хронична коморбидна болест на белите дробови. Верувајте ми, сега ми се чини дека вирусот е модифициран затоа што на пациентите им е дадена потешка клиничка слика од бранот пред тоа – рече Гезим Нуредини, раководител на Центарот „Ковид“ во Тетово.

И покрај влошената ситуација во Тетово и регионот, министерот за здравство Филипче повтори дека нема да има нови мерки. Тој рече дека ќе се очекува стабилизирање на ситуацијата преку вакцинација на граѓаните.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button