Во Тетово зголемен бројот на хоспитализирани пациенти од Ковид-19

Во последните две недели во Тетово се зголеми бројот на заразени со корона вирус кои се на лекување во болница. Координаторот на Ковид центарот, Гезим Нуредини вели дека осум од хоспитализираните пациенти се во сериозна состојба.
„Бидејќи овие две недели имаме намалување на бројот на новоинфицирани пациенти, сега имаме константна бројка од пораст и намалување на пациенти кои се хоспитализирани. Во моментов додека зборуваме имаме 24 хоспитализирани пациенти, околу осум од нив се во сериозна состојба. Во однос на бројот на амбулантски пациенти, таму стандардно има по 30 – 35 пациенти кои доаѓаат во амбуланта, но не значи дека сите се позитивни“, рече Гезим нуредини, координатор на ковид центарот во Тетово.
Во однос на вакцинацијата, тука во Здравствениот дом, интензивно се работи на отворање вакцинални пунктови, што се очекува да бидат активни од следната недела.
„Отприлика треба да имаме два пункта. Едниот пункт ќе биде во Монопол, а другиот во здравствениот дом. Во иднина, ако се зголеми интересот на пациентите кои ќе добијат термини кај матичните лекари, тогаш планираме уште три други пунктови, здравствениот пункт во Теарце, здравствениот пункт во Боговиње и здравствениот пункт во Желино“, изјави Дрита Зибери, Здравствен дом Тетово.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во Тетово и околината во моментов има 213 активни случаи на ковид 19.
Башким Сулејмани