РЕГИОН

Во Тирана, заедничка седница на владите на Косово и Албанија

Владите на Албанија и на Косово денеска ќе одржат заеднички состанок во Тирана, потпишувајќи 14 договори и меморандуми за соработка. Во соопштението на албанската влада, како што пренесуваат приштинските медиуми, е најавено дека состанокот ќе се одржи на 2 октомври во „Конгресната палата“.

За време на состанокот, премиерите Еди Рама и Авдулах Хоти ќе потпишат Заедничка изјава на двете влади во која им се препорачува на Собранието на Косово и Собранието на Албанија да го надгледуваат спроведувањето на договорите потпишани меѓу двете влади.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button