ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Владата „дриблање“ за оставка меѓу министерот Алиу, ДУИ и СДСМ

Закочените закони во Собранието кои се однесуваат на јавната администрација, работни односи, медиуми, дигитализација и друго, се причината што ги подгреа гласините за можна оставка на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Законите се во процедура со знаме на Европската унија, но за нив не е закажана седница во Комисијата за европски прашања, предводена од Арбер Адеми од ДУИ.

Подоцна во текот на денот неофицијално се дозна за можен договор меѓу Алиу, СДСМ и ДУИ и законите наскоро би можело да бидат процесуирани во Собранието.

Алиу на прес-конференција попладнево зборуваше за важноста на овие закони за кои рече дека се во склад со одредбите на Европската унија и оти очекува до утре пратениците од мнозинството да се договорат на средба за нивно одобрување.

Премиерот Ковачевски претходно изјави дека нема потреба ниту еден од министрите да поднесува оставка.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button