Во Владата започна конститутивната седница на работната група за уставни измени
Во Владата започна конститутивната седница на работната група за уставни измени

Во просториите на Владата во 10.30 часот започна конститутивната седница на работната група за уставните измени. Пред почетокот на седницата поранешниот претседател на Уставниот суд, Сали Мурати за Алсат изјави дека вчера имало седница на која се сретнале единствено експертите кои беа поканети од Министерството за правда, без претставниците од политичките партии.
-Вчера имавме конститутивна работна седница на група на експерти. Разменивме ставови за Деловникот за начинот на работа. Избравме претседател и потпретседател, а денеска имаме средба со другите останати членови од политичкиот дел што се претставници, па така ќе ја утврдиме агендата, кажа Мурати.
На прашањето за политизираноста на нивната работа Мурати рече дека обврска им е како интелектуалци да учествуваат и да ја ценат својата работа.