ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во возило на МВР заплената дрога на албанско-црногорската граница

Дрога е запленета вчера на црногорскиот граничен премин Сукобин во автомобил со регистерски таблички од Северна Македонија, кој се движел од правец на Албанија кон Црна Гора.

Advertisements

Дрогата е пронајдена во полициско возило, а како што соопшти царинската служба на Црна Гора службеници на царинска испостава во Сукобин во координација со полициската управа, заплениле дрога и спречиле шверц при контрола на автомобил со регистарски таблички од Северна Македонија. Автомобилот се движел од правецот на Албанија кон Црна Гора.

-Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички на Република Северна Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење, се наведува во соопштението.

Во согласност со протоколот за билатерална соработка, понатамошната постапка ја презела надлежната институција на Република Албанија.

Од МВР се уште нема официјална потврда за случајот, ниту детали за него.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button