ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Врховниот суд се бара ревизија на доживотните казни за „Дива населба“

Седум доживотно осудени за крвавите настани во „Диво Насеље“ бараат од Врховниот суд ревизија на пресудата. Четворица од нив дојдоа во големата сала на Врховен, додека Валдет Зекај, Фадил Фејзулаху и Насуф Беќири не се појавија. Адвокатите посочија дека имало пропусти во водењето на постапката – не можеле да презентираат докази, не можеле да сослушуваат сведоци. Адвокатот Насер Рауфи тврди дека осудените не се организатори на крвавото сценарио.

Advertisements

„Јас упатив и на разговорот, самиот Али Ахмети даваше интервју и кажа дека разговарал и согласно тој разговор да ни беше овозможено да биде дел од доказите, ќе се утврдеше дека моите клиенти Деме Шеху и Аднан Красниќи не биле организатори на настанот. 1:53 Прстот го вперувам од почеток во Агенцијата за разузнавање и целта ни е да докажеме дека оваа Агенција е инволвирана, како и тогашната УБК и дека ова е сценарио“, рече адвокатот Рауфи.

„Кои се организаторите за ова? Мое мислење е дека организаторите за „Диво Насеље“ и „27 – ми Април“ се исти. За власт се направи раздор, ограничено пукање, организирана војничка и кој тоа го направил треба да го утврди судот…“, рече Љупчо Веселиновски, адвокат.

Адвокатите очекуваат врховните судии да ги укинат пресудите – доживотен затвор за седумте осудени. Претходно Кривичниот суд, а потоа и Апелација пресудија дека 33 лица се виновни за тероризам. Седум добија доживотен затвор, 13 по 40 години, шест членови на групата добија по 20 години затвор, еден е осуден на 18, по двајца на 14 и 13 години. Во престрелката којашто траеше на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осум полицајци и 14 членови на вооружената група.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button