РЕГИОН

Британска јахта потона во близина на грчкиот остров Милос

Јахта со 17 патници потона денеска во близина на егејскиот остров Милос, објави Ројтерс.

Според пристанишните власти во Милос, несреќата се случила 16 наутички милји северозападно од островот.

Според грчката телевизија ЕРТ 1, на јахтата имало 18 лица, а  во спасувачката операција биле спасени сите. Станува збор за јахта долга 30 метри, на која било истакнато знамето на Велика Британија.

Пристанишната служба на Милос информираше дека дека хеликоптери од грчкото воздухопловство и морнарицата биле на местото на настанот, а во спасувачката операција учествувале и чамци на крајбрежната стража, како и рибарски бродови.

Забележано е дека во таа област дуваат ветрови од 4 до 5 степени според Бофоровата скала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button