ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во земјава пристигнуваат 20.000 вакцини од Грција

Вакцините кои Грција ги најави како помош за Северна Македонија, денеска се очекува да пристигнат во Скопје. Станува збор за донација од 20.000 дози „Астра Зенека“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што вчера објави МИА, информацијата од Атина ја потврдија и од Скопје, а министерот за здравство Венко Филипче, синоќа, преку Фејсбук за донацијата коментираше дека е „одлична вест од соседна Грција“ и му се заблагодари на грчкиот народ.

– Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, напиша на Фејсбук доцна синоќа министерот Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button