Водата во Љуботен е заматена- жителите се снаоѓаат сами
Водата во Љуботен е заматена- жителите се снаоѓаат сами

Жителите на село Љуботен, општина Бутел, со децении не ја пијат водата што тече од нивните чешми. Според жителите, водата што доаѓа од водоводот над селото е постојано заматена, додека за време на дождовите водата со себе носи песок и кал. Жителите велат дека тоа се случува поради неодржувањето на водоводот.Мештаните во моментов вода за пиење полнат од двете чешми во селото.
„Со цистерни. Беше ветено, но 30 години нема водовод. Само кога ќе дојдат изборите, ветуваат, потоа ништо“, рече еден жител.
„На почеток беше многу добро, кога се изгради водоводот се работеше како што требаше, но подоцна сакаа да го зголемат капацитетот на водата, и сега таа нечиста вода не се пие. Кога врне, е матно“, додаде друг.
Жителите на Љуботен се жалат и на големи оштетувања на апаратите за домаќинство како последица на нечистата вода.
„Мора да го преправат водоснабдувањето. Сега селото е проширено, нема доволно вода и мора да се работи. Тогаш малку проработија, го оставија на половина и така остана. Доаѓа со песок затоа што не е направено како што треба, нема филтер“, изјави друг жител.
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски за Алсат изјави дека решението за жителите на Љуботен е приклучувањето на скопскиот водовод.
Селото Љуботен има над 600 куќи./Алсат.мк
Мелихате Рустеми