Вонредна конторла за третманот на Тот

Во врска со смртта на хрватскиот ракометар, од Клиниката КАРИЛ ги отфрлаат сите шпекулации во врска со транспарентноста, а поврзани со случајот на хрватскиот ракометар Денис Тот . Велат дека веднаш по приемот пристапиле кон срцева и белодробна реанимација која траеле половина час и успеале да воспоставата срцева реакција.
При самиот прием на пациентот, повикани биле сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија, за отокот на мозокот. соопштуваат од КАРИЛ.
„Во реакцијата на Универзитетскиот клинички центар за случајот со хрватскиот ракометар, велат дека тој бил примен во раните утрински часови на 7 април и навреме биле направени сите прегледи, вклучително и компјутерската томографија. Но, според лекарите, починатиот кога бил примен на Ургентната клиника немал знаци на живот, ниту видливи знаци на насилство“, изјави новинарот на Алсат, Аднан Ќаили
Во врска со смртта на хрватскиот ракометар, Министерството за здравство побара од Државниот санитарен здравствен инспекторат да изврши вонреден увид во постапката за прием и лекување.
„Отокот на мозокот што е констатиран на томографијата може да биде од повеќе причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот што траеше половина час. . Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта, изјаваат од КАРИЛ Клиника при УКЦ „Мајка Тереза“ –
Во текот на вчерашниот ден од МВР до Јавното обвинителство е доставена целокупната документација за расчистување на случајот.
Од МВР соопштија дека во врска со случајот се уапсени две лица, 22 годишно момче и 19 годишна девојка на кои веќе им е одреден 30 дневен притвор додека првоосомничениот е во бегство. Кобното претепување на хрватскиот ракометар Денис Тот кој настапуваше за РК Бутел се случи во ноќен клуб во Скопје, по кавга во се уште неразјаснети околности. /Алсат.мк
Аднан Ќаили