СПОРТ

Работнички го освои купот на Македонија, Деспотовски: Само со тимска работа се постигнуваат врвни резултати

Работнички го освои купот на Македонија

Одбојкарките на Работнички повторно го освоија одбојкарскиот Куп на Македонија. Во извонредно финале, скопските ривали покажаа дека и оваа сезона ќе имаме исклучително интересна завршница на одбојкарскиот шампионат кај дамите.

Одбојкарките на Јанта Волеј успеа да го освојат првиот сет од финалето со 25:19. Ова водство најави сосема поинаков интензитет на игра во наредните три сета во кои и двата тима беа многу блиску до освојување на секој сет.

Работнички покажа дека има повеќе нерви во завршницата на сетовите и по голема борба сите три наредни сета ги доби со минимална предност од само два поени. Тоа, сепак, беше доволно за голема радост на „црвено-белите“.

„Работнички по 13 пат во историјата од постоење на клубот покажа дека само со тимска, посветена, квалитетна и континуирана работа се постигнуваат врвни резултати. Горд сум на играчите и целиот стручен штаб“, изјави за ТВ Алсат, Душко Деспотовски, тренер на ОК Работнички.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button