СПОРТФУДБАЛ

Воска Спорт го доби трофејот, следи настап во елитата

Екипата на Воска Спорт сосема заслужено го прослави пласманот во Првата Mакедонска Фудбалска Лига и фудбалерите го кренаа трофејот од ВМФЛ кој ќе ги краси нивните витрни во иднина.

Advertisements

Тимот на тренерот Берат Имери успеа да стигне до тронот во ВМФЛ со одличен скор од 23 победи, шест нерешени средби и само еден пораз. Новиот патник во елитниот македонски фудбал ја круниса сезоната со убедлива победа над одамна испаднатиот Борец, а Воска Спорт славеше со огромни 1-7.

Фудбалерите заедно со стручниот штаб со пригодна прослава го одбележија големиот успех, по што им беше врачен и трофејот кој е резервиран за второлигашкиот шампион на Македонија. Освен Воска Спорт, директен пласман во ПМФЛ обезбеди и екипата на Гостивар, а скопски Вардар ќе игра бараж-двомеч со ФК Скопје по што ќе биде јасно кој ќе биде последниот учесник во елитата следната сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button