МАКЕДОНИЈА

Возачите „летаат“ по скопските улици, изречени повеќе од 160 казни

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, односно на територијата на град Скопје.

Вчера изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 15 санкции за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 60 мерки за непрописно паркирање, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и понатаму и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button