ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вознемирувачки податоци од ИЈЗ, драстичното зголемување на другите заразни болести

Бројот на заболени од други заразни болести е за 43,4% поголем лани отколку пред две години, покажува анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Advertisements

„Најголем број на акутни заразни болести во текот на декември, припаѓаат на овчи сипаници, а евидентирани се и 102 инфекции со цревни заболувања. Имаше 21 случај на шуга, случаи на бактериски менингитис, инфекции со ешерихија коли, еден случај на хепатитис А , на хеморагична треска и бубрежен синдром. Во декември е регистриран еден смртен случај како последица на флуминативен хепатитис предизвикан од хепатитис Б“, велат од Институт за јавно здравје.

Во однос на сезонскиот грип, најновата анализа на ИЈЗ покажува ниско ниво на зараза во Македонија и во целиот регион на Европа.

„Во текот на декември се регистрирани вкупно 739 случаи на сезонски грип. Најголем број од нив се во Дебар. Во сезоната 2021-2022 вкупниот број на случаи на грип и други болести слични на грип е 1.713. Дури и за цела сезона Дебар е град со најмногу погодени од грип, каде што е регистрирана и најголема месечна инциденца“, нагласуваат од Институт за јавно здравје.

Од 12.11.2021 година кога започна вакцинацијата против сезонски грип, до 27 јануари со бесплатни вакцини обезбедени од Министерството за здравство се вакцинирани 44.835 лица од загрозени категории граѓани, додека со комерцијални вакцини кои се обезбедени од Центрите за јавно здравје се 4.459 лица.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button