ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Возрасните лица од петок имаат право на четири дена бесплатен превоз

Од петок (25.03.2022 год) започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на категоријата лица – жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела.

Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата.

„Воведувањето на бесплатниот превоз за возрасни лица е во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје за дотации или давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие и средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Морам да напоменам дека освен што се ослободуваат возрасните лица во посочените денови од трошоци за автобуски превоз, бесплатен превоз веќе имаат и учениците средношколци во средните училишта чијшто основач е Град Скопје, редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети во Скопје, како и лицата со попреченост“, истакна на денешната прес конференција, в.д.директорот на ЈСП, Иван Илиевски.

Возрасните лица кои сакаат да користат бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, треба да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“ и при користење на јавен превоз да се валидираат, а истата картичка се приложува и во случај на линиска контрола, појаснуваат од ЈСП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button