ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во ФЗОМ од утре ќе го започнат најавениот штрајк

Вработените во ФЗОМ од утре ќе го започнат најавениот штрајк

Вработените во Фондот за здравствено осигурување од утре ќе штрајкуваат. Најавата дека им се спрема намалување на платите за 21 отсто на 831 вработен во оваа институција низ земјава, ќе го парализира речиси целиот административно-здравствен систем поврзан со исплатите на Фондот. Од Синдикатот велат дека Законот за административни службеници е во Собрание, но наместо да се реши проблемот со платите, тој всушност ќе им скрати од парите кои сега ги добиваат вработените. Слободан Трендафилов вели дека по договорот за усогласување на платите според минималната плата во март годинава, самата Влада препорачала оваа методологија да стапи во сила од март 2025 година. Тие велат дека им се одзема правото за 12 плати.

Она што лани успеавме да го направиме со покачувањето на платите, потпишувањето на општиот колективен договор и претходното покачување на платите на вработените во јавниот сектор, некој се обидува на почетокот на оваа година да го оспори за да нема дополнително зголемување годинава во Фондот за здравство. Тоа значи намалување за 21 отсто, велат од Сојузот на синдикати.

Од утре во канцелариите на Фондот ќе работи по само едно лице во секое одделение, само за итни работи. Станува збор за пријавување на малолетници во здравственото осигурување, регулирање на осигурувањето за примени во болница и обработка на документи за пациенти кои треба итно да се лекуваат во странство. Годишниот буџет на Фондот за здравство е околу 750 милиони евра, но од таа сума едвај нешто повеќе од 1% е за плати на вработените./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button