Враќањето на преживеаните од трагедијата во Бугарија ќе започне утре

Враќањето на преживеаните од трагедијата во Бугарија ќе започне утре. Прво ќе се вратат првите двајца преживеани. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека болницата во Софија информирала дека до 1 декември ќе бидат отпуштени сите седум пациенти кои ја преживеале трагедијата. Османи исто така рече дека процесот за идентификација на телата и организирање на нивниот транспорт до Македонија се очекува да заврши до средината на следната недела. Османи додаде дека МНР ќе организира посебен транспорт на телата, притоа наведувајќи дека ќе има средба со нивните семејства за да се види какви се очекувањата и барањата.
„Планирано е утре, 27 ноември, првите двајца повредени да бидат пуштени на домашно лекување, потоа на 28 – ми други двајца, на 30 – ти други двајца и едно лице на 1 – ви декември. Нивното пренесување ќе го изврши Министерството за здравство и тие прво ќе бидат префрлени во болниците и здравствените установи во земјава, овде во Скопје, а потоа кога ќе се направи здравствена проценка и нивното лекување ќе продолжи дома“.