МАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ: Државните претпријатија во рацете на граѓаните

ВРЕДИ предвидува враќање на 49 проценти од акциите од државните компании во рацете на граѓаните. Носителот на листата во првата изборна единица, Изет Меџити, рече дека половина од акциите на државните компании ќе бидат распределени на граѓаните, односно од 10 илјади евра по поединец со што ќе се зголеми капиталот на секое семејство.

“Една од економските мерки кои ќе бидат преземени ќе биде ставање на државните претпријатија во рацете на граѓаните. На сите граѓани на Македонија ќе им поделиме 49 проценти од акциите на државните претпријатија во вредност од 10.000 евра за секој поединец. Тие ќе се продаваат на пазарот и ќе донесат нова економска динамика за секое семејство, но и ќе овозможат воведување на приватен капитал во овие претпријатија”, рече Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button