ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ: Кандидати за локалните избори ќе бидат заеднички

ВРЕДИ: Кандидати за локалните избори ќе бидат заеднички

Поделбата на општините по бројки или проценти не беше дискутирана во коалицијата.
Нема барања или ултиматуми велат од коалицијата ВРЕДИ за Алсат. Во пресрет на
локалните избори во октомври, се анализираат сите анкети, аргументи за и против,
позитивни и негативни за секој политички субјект во секоја општина каде што оваа
партија планира да излезе со кандидат за градоначалник. Не се исклучува можноста за
поддршка на независни кандидати во одредени општини.

Advertisements

„Субјектите на ВРЕДИ никогаш не зборувале за броеви и општини. Значи, јасен е ставот
дека листите ќе бидат заеднички, кандидатите ќе бидат заеднички, платформата,
програмата, сè ќе биде заедничко. Дури и во рамките на ВРЕДИ одлучивме дека во некои
општини, доколку има потреба и гледаме дека има кандидати надвор од ВРЕДИ кој е
најдобар и има поголема поддршка од тоа населено место, ќе излеземе и надвор од
ВРЕДИ. ВРЕДИ ќе поддржи и независни кандидати. Во ниту еден момент немало
дебата за тоа кој колку општини ќе добие, бидејќи сите кандидати на крајот ќе бидат
на ВРЕДИ, односно заеднички„, велат од ВРЕДИ.

ВРЕДИ ќе го даде својот придонес и за градот Скопје. Како што велат за Алсат, посебно
внимание ќе се посвети на кандидати, листа на советници, а и на програмата. Промените
во Скопје се неизбежни, велат од ВРЕДИ. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу,
неодамна во интервју за Алсат, најави дека ВРЕДИ во ниту една општина нема да
соработува со АА на Таравари, ако се натпреваруваат со посебни листи./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button