ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време, променливо облачно со повремен дожд

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни.
Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.