ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време, умерено облачно со услови за локален дожд
Во Македонија денеска ќе преовладува умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.