ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде умерено облачно, а вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -6 до 3, а во текот на денот од 4 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде умерено облачно со ветер од северен правец. Утринската температура во Скопје ќе биде 1, а во текот на денот ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје, исто така, ќе биде претежно сончево и со слаб ветер од северен правец.

Температурата утре и во недела ќе биде до 20 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button