
Денеска се очекува времето да биде претежно облачно со слаб ветер од јужен правец. Облачно време без некои поголеми промени во текот на денот се очекува и во Скопје.
Температурата утрово се движи од -1 степен во Маврово и 0 степени во Берово, до 7 степени во Дојран и на југоистокот од земјава. Во текот на денот максималните температури ќе се движат од 6 во мавровскиот крај, 10 во скопскиот регион, до 11 степени на југоистокот од земјава.