ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно утро, попладне сончево

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено попладне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени“, велат од УХМР.

Во Скопје исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.

„Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени“, соопштија од УХМР.

Оттаму додаваат и дека по утрешното преодно наоблачување, следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button