ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: По студеното утро, сончево и потопло со температури до 17 степени

По студеното утро, во текот на денот нè очекува сончево и потопло време со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -5 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 0 до максимални 14 степени.

За утре, пак, УХМР најавува променливо облачно време со услови за појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот и врнежи од дожд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button