ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Претпладне сончево, попладне со услови за локален пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладнево ќе биде променливо облачно, а попладне, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.