ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради неплатен долг жителите на Арачиново без вода за пиење

Големиот долг кон ЕВН за неплаќање на сметките за електрична енергија од страна на претпријатието за водовод во Арачиново ги остави жителите на оваа општина повторно без вода за пиење. Граѓаните изразија загриженост за ситуацијата. Тие велат дека постојаниот проблем со водата за пиење ги враќа во средниот век.

“Многу тешко без вода. Фала од ваша страна што се интересирате за нас, ви благодарам многу, но тие не мислат на нас… Без вода е многу тешко за едно семејство. Многу е тешко без вода. Треба да одиш некаде да наполниш со автомобил, некој нема автомобил…

„Проблемот е во самите селани, ние самите треба да станеме. Нема струја таму каде што има вода. Ние ја плаќаме водата, но кој знае што прават таму….

„Полниме на чешми надвор од селото… Арачиново е без вода, ние без вода отсекогаш сме биле… има и такви кои не плаќаат, повеќето воопшто не плаќаат, 80% воопшто не плаќаат. Плаќаат само 180 куќи, а Арачиново е 4.000 куќи, или 3.000 куќи“, велат анкетираните лица.

Само тие кои имаат бунари имаат и вода.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, вели дека проблемот со водата за пиење ќе трае се додека не постигнат договор со ЕВН, долгот да го платат на рати на начин да може да го издржи буџетот на општината.

„Иако ми понудија неколку рати, тие рати се неиздржливи, јас побарав да ни се олесни тој финансиски товар, за кој сум заинтересиран да го понесам, но толку колку што можам, бидејќи во минатото имаше договор, во 2020 и 2021 година имаше договор, но тие не се придржуваа кон тие договори“, рече Ибраими.

Според Ибраими, понудата за исплата од страна на ЕВН е неиздржлива, затоа тој моли за разбирање за да се најде трајно решение, а не краткорочно.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button