ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

20% во Уставот остануваат недопрени

Замената на 20% во Уставот со соодветниот термин „албански јазик“ ќе мора да почека подобри денови. Во нацрт-амандманите на уставните измени ова решение го нема бидејќи работната група и покрај тоа што разговарала за тоа, одлучила дека нема мандат да го реши ова прашање.

Премиерот Димитар Ковачевски прашан за можноста да има реакција за ова од некои албанските партии, рече дека сите треба да имаат на ум дека овој процес има врска со евроинтеграциите.

Нацрт амандманите ќе бидат доставени до Владата, а потоа и во Собранието, каде исто така има можност да се направат амандмански интервенции. Од Алијансата за Албанците кратко велат дека сега со отворањето на Уставот во Собранието се очекува да се решат и други теми, во овој случај, и за 20%.

Од Движењето Беса велат дека откако иницијативата ќе стигне во Собранието, ќе го соопштат нивниот став.

„Предлогот на работната група за уставни измени во Министерството за правда испратен до Владата на Република Северна Македонија ги потврдува првичните сомнежи од Движењето Беса дека прашањето за замена на 20% со „ албански јазик “ не е на дневен ред на албанските политички партии на власт (ДУИ и Алијанса) и дека оваа тема се злоупотребува од овие субјекти за дневни и партиски потреби. Движењето Беса очекува официјалниот предлог од Владата да биде испратен до Собранието и тогаш јасно ќе го кажат нивниот непоколеблив став за замена на 20% со албанскиот јазик“, наведуваат од БЕСА.

ДУИ беше цврста во текот на целиот процес, дека во сегашниот процес за уставните измени за вклучување на Бугарите нема простор за дискусија за замена на терминот 20% со „албански јазик“.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button