ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: променливо облачно, многу студено
Денеска се очекува променливо облачно, многу студено и ветровито време. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од минус 9 до 3 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 0 степени.