ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ со предлог до Собранието за укинување на техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе достави до Собранието предлог за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени парламентарни избори најбрзо што може, наспроти ставот на власта дека ќе се оди на редовни избори во 2024 и оти предвремени избори сега во услови на здравствена, економска и енергетска криза се неполезни. Предложените измени на Законот предвидуваат бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

Од 2016 година досега Македонија имаше две технички влади, првата предводена од Емил Димитриев, втората од Оливер Спасовски. Согласно сегашното законско решение техничкиот премиер го предлага партијата на власт, најголемата опозициска партија ги предлага министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Власта има свои заменици во МВР и МТСП, додека опозицијата има свои заменици во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button