ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд

На целата територија на земјава денеска се очекува променливо облачно време. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на планинските региони во западниот дел од земјата, но и на крајниот исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен сверозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 17 степени.

Advertisements

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и слаб до умерен северозападен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 5 до максимални 16 степени.

За утре УХМР прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button