ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, сончево и топло со температури до 24 степени
Сончево и топло – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена, претежно висока облачност и ќе дува слаб јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималните од 18 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 12 до максимални 24 степени.