КОШАРКАСПОРТ

Леброн Џејмс, оваа сезона ќе заработи 128 милиони долари!

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс следната сезона ќе заработи 128 милиони долари. За Леброн ова ќе биде 21. сезона во НБА лигата, од плата ќе заработи 47,6 милиони, додека од спонзорските договори, дополнително ќе заработи околу 80 милиони.

Веднаш по него е Стеф Кeри со 101,9 милиони. Кeри со 51 милион всушност ја има и најголемата плата во лигата. Следен е Јанис Адетокумбо со 90,6 милиони, а потоа Кевин Дурент (88,4), Клеј Томпсон (64,2) и МВП од минатата сезона Џоел Ембиид (56,6).

Џејмс Харден е осми по заработка со 55,6 милиони, Никола Јокиќ заработува 54,6, додека Топ 10 завршува со Пол Џорџ со 54,1 милиони.

Поголема вкупна плата од 50 милиони по сезона имаат Бредли Бил (53,2), Џими Батлер (52,7), Каваи Ленард (52,6), Лука Дончиќ (52) и Зајон Вилијамсон (50).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button