ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево и топло со температури над 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови се очекува да има мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата во утринските часови ќе биде од 6 до 12 Целзиусови степени, а во текот на денот од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.
И во Скопје, времето денеска, според УХМР, ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.
Според прогнозите на УХМР, и утре времето во целата држава, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурите утре наутро ќе бидат од 6 до 15 степени, а дневните од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.