ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево со слаб ветер, максимална температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени“, велат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button