ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.

Advertisements

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопје и околината претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button