ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врнежливо до вторник, од среда стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и со услови за појава на град.

Максималната температура денеска во државата ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Во Скопје  променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Температурата во Скопје денеска ќе достигне до 27 степени.

Од среда ќе следува стабилизирање на времето, соопшти УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button