Втора година, деца учат во прашина и бучава од градежна механизација
Втора година, деца учат во прашина и бучава од градежна механизација

Над 300 ученици од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од село Црнилиште во општина Долнени ќе продолжат да учат во мизерни услови. Објектот во изградба кој предвидува 7 нови училници и 2 кабинети за наставниот кадар не се очекува да биде завршен наскоро, и покрај најавите на училишното раководство дека работите ќе завршат на 1 септември. Главниот инженер и надзорник на градежните работи, Љубомир Терзиовски, за Алсат изјави дека проектот во моментов предвидува само изградба на објектот до карабина и ништо повеќе, додавајќи дека останува општината да обезбеди средства за целосно завршување на овој дополнителен објект.
Директорот Муамет Сулемани рече дека хаосот во основното училиште „Исмаил Ќемали“ е создаден поради одолговлекување на градежните работи поврзани со дополнителниот објект кој започна да се гради во септември 2023 година и се уште не е завршен. Рокот за завршување на овој проект беше во декември 2024 година и повторно е одложен за септември годинава.
„Со овие училниуци што ќе се изградат, ќе успееме до некаде да можеме да го реализираме како што треба образовниот процес . Последниот рок за обкјектот е 1 септември . Реализирани се околу 70-80% од проектот и сега останува внатрешноста, фарбањето и други работи кои се предвидени”, изјави Муамет Сулемани, директор на АД „Исмаил Ќемали“.
Градоначалникот на Општина Долнени, Урим Ибески не сметаше дека треба да одговори на десетиците телефонски повици и прашања на Алсат. Во меѓувреме, некои од родителите со кои контактиравме изразија револт за условите во училиштето, додавајќи дека нивните деца се чувствуваат загрозени додека се одвива наставниот процес .
Мелихате Рустеми