РЕГИОН

Вучевиќ: Ако Курти испрати полиција на север, ќе се соочи со непроценливи последици

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ рече дека обезбедувањето мир на Косово „е обврска на КФОР, а нивна проценка е колку жива сила и оружје се потребни за тоа“.

Advertisements

„Гледаме на КФОР како фактор кој мора да ја заштити и гарантира безбедноста на сите граѓани во покраината. Посебно сега, по повлекувањето на Србите од институциите, да не му дозволи на Курти да испрати полицајци од албанска националност од југ на местото на српските полицајци. Тоа би бил пат со непроценливи последици – изјави Вучевиќ за Вечерње новости.

Тој рече дека Србија не сака војни, „не сакаме да страдаат ниту другите народи, но нашите повици за разговори, за дијалог не значат дека сме слаби или неподготвени, неодлучни“.

– Само мислиме дека е подобро да се води дијалог и разговор, да се седне на маса наместо да стоиме во ровови – рече Вучевиќ.

Тој потврдно одговори на прашањето дали се финализира идејата за враќање на задолжителниот воен рок.

– Очекувам дека ќе одиме кон конечна одлука. Тоа е пред се политичка одлука, која мора да биде во корелација со сериозна професионална анализа. Немам проблем да кажам дека како граѓанин и татко сум за враќање на воениот рок, но тоа не е релевантно, министерот за одбрана не може да се води по тоа – рече Вучевиќ, наведувајќи дека армијата направила анализа и дека ќе се разговара со претседателот и премиерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button