РЕГИОН
Вучевиќ: Лајчак доаѓа во Белград, наскоро и средба во Брисел

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека се очекува во Белград да пристигне пратеникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а наскоро потоа и да се закаже средба во Брисел.
„Лајчак беше во Блед на стратешкиот форум и потоа отиде во Приштина и доаѓа во Белград, ќе видиме какви вести ќе донесе, мислам дека многу брзо нѐ чека средба во Брисел и дека доаѓаат деновите кога ќе слушнеме многу поконкретни работи. Се надевам дека Курти нема да ја продолжи својата неодговорна серија потези“, изјави Вучевиќ.